Франција ги информирала членките на ЕУ дека, засееа, е против почетокот на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, коментираат дипломатски извори за Ројтерс.

Повеќе од половина од 28-те земји-членки на ЕУ, како и нејзините високи официјални претставници во Брисел, инсистираат да бидат наградени двете балкански земји за нивните реформи и предупредуваат дека во спротивно Русија, Кина или Турција би можеле да имаат корист од „стратешкиот вакуум“.

Париз смета дека ЕУ се соочува со премногу предизвици во моментот за да прими уште две балкански земји.

Според Франција, ЕУ најпрво мора да се реформира внатре со цел да се справи со поголема енергија и единство во пресрет на предизвици како што се климатските промени и миграцијата,

А двете зсемји, треба да спроведат дополнителни реформи пред да бидат одобрени преговорите.

„Бараме од нив да направат дополнителни напори. Преговорите не можат да започнат во октомври 2019 година, ќе мора да ја преиспитаме ситуацијата некаде во 2020 година“, објаснува францускиот претставник.

Потребна е едногласност меѓу 28-те земји-членки за да се започнат преговори за пристапување. Министрите на ЕУ ќе разговараат за ова прашање во вторникот во Луксембург, пред националните лидери да се состанат во Брисел на самитот на 17 октомври.

„Според Ројтерс, Холандија и Данска остро се спротивставувија на кандидатурата на Албанија кога амбасадорите на ЕУ во четвртокот разговарале за прашањето на затворените врати во Брисел, иако Холанѓаните сигнализирале потенцијална флексибилност за Македонија.

SHARE