Француската сенаторка Елен Конве-Муре, на средби со пратеници, се заинтересирала за Законот за опојни дроги и психотропни супстанци, кој денеска беше повлечен на доработка.

Претседателот на Комисијата за европски прашања Артан Груби, потврди дека законот е вратен на доработка во Министерството за здравство, но и дека за ваков закон е потребна поширока дебата.

Законот беше пратен во Собранието со европско знаменце м инатиот месец и немаше објаснување зошто беше даден највпрво на разгледување во Комисијата за европски прашања, а не во Комисијата за здравство како матична комисија и зошто се носи со европско знаменце.

И европски дипломати за ова брофираа дека во Македонија се злоупотребува европското знаменце кое треба да се употребува за законски проектишто се однесуваат на прилагодување на европските стандарди во Македонија.

Со Законот треба да овозможи извоз на сув цвет од канабис. Засега 29 фирми имаат лиценци за одгледување на канабис за медицински цели.

Невладини реагираа што Владата сама одлучува за доделувањето лиценци без каква било надворешна контрола и барањето банкарска гаранција од 500 илјади евра.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ изнесе сомневање дека законот е за богатење на три фирми во сопственост на семејството Заеви. 

SHARE