По осумчасовна по борба со огнената стихија, француските пожарникари успеаја да го локализираат огромниот пожар во Богородичната црква во Париз (Нотр Дам) во 3 часот по полноќ.

Штетата е огромна, но најголемиот дел од вредните реликвии во Катедралата се спасени.

Францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, сопственик на модното царство „Керинг“ и на брендовите брендовите „Гучи“ и „Сен Лорен“ вети 100 милиони евра помош за обнова на катедралата.