Француски суд призна дека капетанот на жандармеријата Анри Фриконо починал како резултат на радиоактивно исцрпен ураниум на кој бил изложен во Косово и Метохија.
На неговата вдовица Лорет Фриконо, после 4-годишен спор, деновиве ѝ беше дадено правото конечно да го стави името на нејзиниот сопруг на списокот на заслужни луѓе кои ги дадоа своите животи за Франција.

„Ракот на францускиот жандарм, испратен на Косово по бомбардирањето на НАТО, е последица од радиоактивноста на осиромашениот ураниум од проектилите на коалиционите сили што биле користени против Србите во 1999 година“, пишува францускиот весник „Маријан.
„Имав среќа да бидам поддржана од експерт кој работи во Европскиот суд и затоа победивме на судењето“, изјави неговата вдовица.

Анри Фриконо престојувал во Косовска Митровица како дел од КФОР шест месеци во текот на 2000 година, објави списанието „Глас гендама“, кое исто така објави дека името на починатиот жандарм ќе биде вклучено меѓу заслужните жртви.

Лорет Фриконо истакнува дека нејзиниот сопруг започнал да чувствува болка во ногата една година пред неговата смрт.
„Се испостави дека целото негово тело е зафатено и дека веќе е предоцна за него. Тој почина во маки “!

Влијанието на осиромашен ураниум врз болеста на војниците од меѓународните сили, две децении се, исто така, тема во Италија. Стотици членови на мисијата во Косово и Метохија се вратија со малигни заболувања и се проценува дека повеќе од 350 од нив починале како резултат на рак.

Истражната комисија на италијанскиот парламент утврди дека постои поврзаност помеѓу изложеноста на осиромашен ураниум на Косово и Метохија и малигни заболувања, а италијанските судови, кои донеле одлука за тужбите на семејствата на загинатите војници за штета, го имале истиот заклучок во пресудите. (Б92)

SHARE