Французинот Робин Кантегрел, 25-годишен голман на повратникот во француската елитна конкуренција Сесон Рен, во новата сезона ќе брани за европскиот ракометен шампион Вардар.

Тој ќе им прави конкуренција на Борко Ристовски и на Марко Кизиќ на голманската позиција.

Од црвено-црниот табор и информацијата дека пивотменот Глеб Калараш останува и следната сезона, откако верноста кон клубот ја продолжија и капитенот Стојанче Стоилов, потоа Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер и Иван Чупиќ.

Шишкарев, Скубе, Горбок, Де Толедо, Кугис, Гедбан и Пелко си заминаа, а во текот на сезоната тоа го сторија и Криштопанс, и Атман.

SHARE