Французите најголеми противници за влез на Македонија во ЕУ, Швеѓаните најнаклонети

Јавноста во Франција најмалку посакува Македонија да стане членка на Европска унија, а таа во Шведска е најпозитивно расположена во тој поглед меѓу седум земји опфатени со истражувањето на YouGov, спроведено меѓу 17 и 27 декември минатата година, а објавено вчера.

Од 1.009 испитаници од Франција анкетирани од реномираната компанија за испитување на глобалното јавно мислење и за анализа на податоци со седиште во Лондон, само 24 проценти сметаат дека на Македонија треба да ѝ биде дозволено да ѝ се приклучи на Унијата. Против се 44 отсто, а 32 отсто не знаат.

Спротивно на тоа, од 1.008 учесници во истражувањето во Шведска, 40 проценти се за влез на Македонија во ЕУ, наспроти 27 отсто против, а 33 отсто немаат став.

Позитивно мислење за македонското пристапување има и јавноста во Велика Британија, која месецов ќе ја напушти Унијата, како и таа во Норвешка, која не е членка. Од 1.660 британски испитаници, „за“ се изјасниле 28 проценти, против се 27 отсто, а 45 отсто не знаат. Од 800 прашани Норвежани, пак, 37 проценти гласале позитивно, 25 отсто негативно, а 38 отсто немаат мислење за ова прашање.

Мнозинството Германци, Данци и Финци не ја сакаат Македонија во ЕУ. Од 2.045 германски испитаници, така одговориле 39 проценти, 34 отсто се „за“, а 27 отсто не знаат. Кај 1.006 анкетирани Данци соодносот е 38 проценти против, 30 отсто за, а 32 отсто не знаат. Конечно, меѓу 1.010 консултирани Финци, 31 процент би ја прифатиле Македонија во Европска унија, 32 отсто не, а 37 отсто не знаат.

SHARE

5 Коментари

  1. ПРЕСПАНСКИОТ ПАТИ ОД ГАНГРЕНА ОД ТИПОТ “бан за ID” ! Ова е дефект!
    МОРА ДА ПРОПАДНЕ ЕДЕН ДЕН ОДНОСНО ДА СЕ РАСКИНЕ!

Comments are closed.