Фрчкоски бара 14,5 илјади евра отштета од Андов

900 илјади денари или приближно 14,5 илјади евра, побарува тужителот, универзитетскиот професор Љубомир Данаилов Фрчкоски, од поранешниот претседател на Собранието, Стојан Андов, за наводите во книгата „До атентатот и по него“ која беше забранета на 11 март со одлука на Судот.

Адвокатот на Фрчкоски на рочиштето изјавил дека книгата на Андов изобилува со клеветнички факти, неосновани, непоткрепени и целосно бесмислени, тешки обвинувања за тужителот со намера да му се нанесе штета на неговиот углед.

„Макфакс“ дознава дека решениетоза забрана на скопска „двојка“ го обжалиле адвокатите на Стојан Андов пред Апелациониот суд во Скопје.

Привремената мерка на првостепениот суд стапила во сила на 11 март 2019 година, а важи до правосилно завршување на постапката за утврдување одговорност за клевета и надомест на нематеријална штета, јавува Максфакс.

SHARE

2 Коментари

  1. To je malo. Treba vishe od parazita za parazita.-od vaginalci za vaginalac-od vashke za vashke it dalje mori

Comments are closed.