Фрчкоски е единствен “научен великан” што паднал на својот докторат

Професорката Билјана Ванковска открива дека професорот Љубомир Данаилов Фрчковски е единствениот од таканаречените “научни великани” кои што паднале на сопствена јавна одбрана на докторка дисертација.

Настанот се случил во Љубљана но македонската јавност никогаш не чула за срамот што му се случил на двојниот министер за внатрешни и надворешни работи и кандидатот за претседател.

Ванковска ја открива оваа информација откако Фрчковски започна вербален напад врз претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев поради неговата најава за ревизија на Преспанскиот договор.

“Го разбудиле Фрчко од зимски, ем празничен дремеж да го исплука и омаловажи претседателот на МАНУ затоа што пред медиумите кажа дека планира дебата за Преспанскиот договор. Како тоа дебата? Како тоа за табу теми како Преспа? Како тоа инакви ставови? (Инаку, станува збор за колумна за која треба да потрошите цели седум минути. Колку да си знаете.)”, пишува Ванковска за нападот на Фрчкоски и открива дека напаѓачот паднал на сопствената промоција за доктор на науки.

“Настрана тоа, ама умирам од смеа кој тоа „голем“ професор/ректор (што ли е откако го напушти УКИМ) нашол да го критикува научниот профил на Коцарев. Не е битно кој кому (не) му се допаѓа, ајде да зборуваме за научни параметри -т.е. за она за што сме платени цел живот и што е лесно проверливо. Коцарев е сето она што Фрчко не е, а можеби сакал да биде. Еден од меѓународно најафирмираните научници од Македонија не може и не смее да се споредува со една голема НУЛА. Ова што го велам е лесно проверливо. Ако најдете ЕДЕН единствен научен труд објавен надвор, на англиски и во реномирано списание, книга или слично, јавете ми. (Не се важат оние предторските списанија каде за 300-400 евра ќе ти објават и телефонски именик ако им пратиш). Куриозитет е што Фрчко е еден од ретките „научни великани“ кои успеале да паднат на јавна одбрана на својата докторска дисертација (во Љубљана). Детаљите ги знам од прва рака, од член на комисијата. Веројатно поради таа траума подоцна решава да кокетира со моќта и политиката, и станува најдобро платен колумнист (во славното време на Дневник) и советник. Така е тоа кога доминантниот слоган овде беше, и за жал се’ уште е, „подобро прв во село отколку последен во град“, пишува професорката Ванковска која самата има објавено десетици научни дела во најпрестижни светски научни институции и часописи.

SHARE