Фрчковски веќе не ги именува тие што ги навредува

Само 24 часа откако доби лекција по право, правна практика и историја на уставно право професорот Фрчкоски се обиде да се извади за дебаклот што го доживеа вчера во дебата за уставноста на законот за јазиците и уставните измени кои беа потпишани без потпис од претседателот.

Во обид да се дообјасни себе си и да го амортизира вчерашниот академски пораз од професорот Димитар Апасиев на Фејсбук тој денеска во колумна без да понуди никакви цврсти контрааргументи јавно го навредува претседателот Иванов за неговиот став да не го потпише законот за јазиците.

Покрај Иванов од кого загуби катастрофално во претседателскага трка во 2009 година, Фрчкоски во негов стил со користење на низа навредливи зборови напаѓа личности кои нема храброст да ги именува.

Веројатно знаејќи дека може да биде гонет за клевета и навреда но и поради опасност да му биде возвратено на тенките аргументи со кои се расфрла тој се плаши да влезе во отворена дебата со реални луѓе.

Стариот храбар Фрчкоски некогаш знаеше да удри храбро директно по авторитети, имиња и презимиња.

Овој новиот кој во 2009 не успеа да стане претседател по што започна со навредливи јавни пресметки веќе нема сили за директни и аргументирани конфронтации со неговите колеги, професори, аналитичари.

Целата колумна на Фрчкоски

Апасиев VS Фрчко: Шах мат во три реченици