Фридман: Македонците треба да бидат цврсти со Бугарија

Американскиот лингвист и еден од најпознатите македонисти во светот Виктор Фридман им порача на Македонците да бидат цврсти пред нападите врз нивниот јазик и идентитет од Бугарија.

„Македонија ќе патува кон Европа во секој случај. Ако треба пак малку чекање, ќе треба. Европа не е толку здрава во моментов. И самата има проблеми. И ние во Америка имаме проблеми. Бугарија е капка вода во светот и просто нема право така да постапува. И мислам дека Македонците треба да бидат цврсти со Бугарија. Јас така мислам“, изјави Фридман во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизијата Алфа.

„Јас би бил оптимист, бидејќи не гледам друг начин. Треба да се надеваме на доброто, да работиме за доброто. И навистина мислам дека на крајот на краиштата доброто ќе победи, барем по ова прашање“, поентира професорот на Универзитетот во Чикаго и член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) од 1994 година.

SHARE