Фросина Ременска потврди дека новата министерка за финансии има кривична пријава од МВР

Заменик спикерот на македонскиот парламент Фросина Ременски ги потврди информациите на порталот Лидер кој вчера објави дека идната министерка за финансии предложена од СДСМ Нина Ангелоска има сторено деликт кој е процесиран од МВР.

Предлог министерката за финансии Нина Ангеловска во електронскиот систем на Министерството за внатрешни работи е заведена како сторител на кривични дела врз кој била поднесена кривична пријава – пишува во документот кој до „Економски Лидер“ го доставил свиркач од полицијата.

Ангеловска во МВР има досие со број 0104729/18, а во историјатот на кривични дела стои дека на 22.03.2018, таа сторила дело „Загрозување на безбедноста на сообраќајот“, по кое и била поднесена кривична пријава.

Дали несакајќи, од невнимание или свесно Ременска потврдата дека Ангеловска сторила кривично дело ја дава во фејсбук статус во кој не вели дека информацијата е неточна туку дека објавениот документ е од автентична база во МВР а до него е дојдено на погрешен начин.

“Оваа вест бара итна внатрешна истрага и реакција од МВР и тоа ВЕДНАШ !
Не заради тоа што се работи за кандидаткатата за министер за финансии, туку заради неопходната потреба да се заштити злоупотребата на службените евиденции на МВР за “сензационализам” со кој треба однапред да се фрли дамка на личност што треба да извршува важна државна функција.
Лесно проверливо е кој, од каде и во кој временски период влегол во базата за криминалистичка евиденција на МВР за да обезбеди “ексклузива” за сторен сообраќаен деликт.
Форматот во која е објавена веста потврдува за автентичноста на базата со која располага МВР.
Очекувам внатрешната контрола и МВР да си постапат по стандардните оперативни процедури и да откријат кој бара сензационализам со оддавање на класифицирани информации”, пишува Ременски барајќи итна истрага за начинот на кој лидер.мк дошол до информацијата за деликтот на Ангеловска.

Ременски во постот не пишува дали човек со кривична пријава треба за биде носител на една од најважните државни функции.

SHARE