Функционално судство поважно од датум за ЕУ, вели Жбогар

Амбасадорот на Европската комисија во земјава, Самуел Жбогар денеска изјави дека наоѓањето решение за функционално судство е поважно отколку да се добие датум за преговори со Европската Унија.

„Мислам дека наоѓањето на решение за функционално судство е многу поважно отколку датумот за отпочнување на преговорите. Мислам дека политичарите и судството прво треба да ја вратат довербата кај граѓаните пред сè. Така што мислам дека фокусот треба да биде врз тоа.

Ако се реставрира таа доверба, сигурен сум дека и ние во ЕУ ќе ја препознаеме и признаеме таа промена“, вели Жбогар.

Извор Алсат

SHARE