Функционер на ДУИ откри кои министри на СДСМ го пишувале Законот за јазици (ФОТО)

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу откри кои функционери на СДСМ работеле на Законот за јазиците со кој албанскиот стана втор официјален јазик во Македонија.

Фазлиу објави фотографија на која се гледа како работи мешовитата работна група меѓу СДСМ и ДУИ која го пишувала Законот за јазици.

На фотографијата се гледа дека во име на СДСМ законот го пишувале двете министерки , за правда и одбрана, Радмила Шеќеринска и Рената Десковска како и министерот Оливер Спасовски.

Социјалдемократите долго време не откриваа кои се експертите кои што работеле на законот кој што во себе содржи толку нелогичности, нејасностии, недоречености и правни пукнатини што го прави еден од најлошите македонски закони од независноста.

Ниту еден од сега откриените автори на законот за јазици Шеќеринска, Десковска или Спасовски не влегоа во сериозна јавна дебата да го бранат законот и решенијата кои што тие ги предложиле и усвоиле.

SHARE

2 Коментари

    • Па ти нели пишуваш од влада!? Како така не го почитуваш вашиот убав закон?

Comments are closed.