Функционер на ИВЗ бара да се “исчисти амебата” Најчевска

Портпаролот на Исламската верска заедница Дритон Дикена побара фигуративна елиминација на професорката Мирјана Најчевска.

Дикена зборува за чистење со хемиски средства.

“Дефинитивно Филозовски Факултет при Скопскиот Универзитет станал гнездо за загадување на интелигенцијата во Македонија.

Не знам што се случува таму, но дошло време за употреба на варикина таму.

Некои амеби што се отровни за општеството треба да се чистат”, пишува Дикена во порака која што во себе содржи потенцијални закани и говор на омраза.

Тој вели дека оваа “фрустрирувачка психа” на Најчевска никако не можел да ја разбере и верува дека и Фројд би бил зачуден.

Дикена реагира на коментарот на Најчевска по посетата на Зијадин Села на едно албанско село во Велешко.

SHARE

1 Коментар

  1. Sve ce bide kako treba, sekoj ima pravo da se izjasne. A I Bog ima pravo na svoe izlaganje. Neka bidne 15° zemjotres.

Comments are closed.