Функционерите во страв: Добива ли Македонија нов услов за влез во ЕУ?

Германија која до декември е претседавач со ЕУ сака да види “обновен моментум” во релациите меѓу ЕУ и Западниот Балкан, вели одговорната за регионот во германското министерство за надворешни работи Сузан Шуц.

Во интервју за БИРН Шуц вели дека Германија сака да ја задржи позитивната динамика што значи продолжување на поставувањето основа за преговори за влез со Албанија и Македонија преку финализирање на преговарачката рамка.

“Целта ни е да ја одржиме првата меѓувладина конференција со Македонија, и, ако бидат исполнети условите, и со Албанија за време на претседавањето на Германија со ЕУ” , пренесува порталот ЕВБ.

Шуц најавува одржување на конференција со земјите од Западен Балкан на тема емиграцијата од регионот на која ќе се отворат три важни теми за Германија и ЕУ.

Една од темите е таканаречено “немерикратско поставување на функционери” односно поставување на раководни позиции на партиски луѓе кои немаат соодветно искуство во администрацијата, не поминале соодветни обуки или не се стручно подготвени да ја водат администрацијата на различни нивоа.

“Причините за заминување не се само економски: Тие го допираат и постоечкиот дефицит на полето на владеење на правото, немеритократски именувања на функционери и корупција. До оглед на тоа што најголем број на луѓето од регионот емигрираат во членки на ЕУ мислиме дека е важно да разгледаме концепти кои ќе ги намалат негативните ефекти и ќе ги искористат ‘win-win’ аспектите и за Западниот Балкан и за ЕУ”, вели Шуц за БИРН.

Прашањето за неспособни партиски и политички именувања на државни функционери за прв пат вака прецизно се споменува во изјава на некој европски фактор во ваков контекст.

Проблемот со “немеритократски именувања на функционери” ЕУ е повеќеслоен.

Поради партиските неспособни и еобразовани кадри поставени на високи и средни државни фунции:

1. Не можат да се истуркаат потребните реформи кои ги бара ЕУ,

2. Ваквите именувања делуваат демотивирачки за способните и образованите млади луѓе кои поради тоа заминуваат во ЕУ

3. Во администрацијата се создава феномен на неодговорност и демотивација кај пониските ешалони кои не сакаат да работат за партиски функционери кои се со помало искуство и способност од тие на кои им шефуваат.

SHARE