Функционерката на СДСМ заболена од “Корона” се соочува со 10 годишна затворска казна

Лекарката Д-р Нина Цаца Билјановска назначена во август 2017 од СДСМ за директор на клиниката за кожни болести, се соочува со затворска казна од максимални 10 години затвор ако се докаже дека го Прекршила членот 205 од Кривичниот законик.

Овој член Санкционира граѓани поради чие (не)дејствување се пренесува заразна болест.

Целиот член од законот во продолжение:

Кривичен закон на РМ
Глава дваесетипрва
КРИВИЧНИ ДЕЛА ПРОТИВ ЗДРАВЈЕТО НА ЛУЃЕТО

Пренесување заразна болест
Член 205

(1) Тој што со кршење на прописи или наредби со кои надлежен орган
определува прегледи, дезинфекција, издвојување на болни или некои други
мерки за сузбивање или спречување на заразни болести кај луѓето или со
вработување или држење на лице кое боледува од заразна болест со вршење
на полово дејствие или на друг начин, предизвика пренесување на заразна
болест, ќе се казни со парична казна или со затвор до три година.
(2) Со казната од став 1 ќе се казни и тој што не постапува според
прописите или наредбите од став 1 во поглед на сузбивањето или спречувањето
на заразните болести кај животни кои можат да се пренесат на луѓето и со тоа
предизвикува пренесување на заразна болест.
(3) Ако како последица од делото од став 1 е пренесена неизлечива
заразна болест, сторителот ќе се казни со затвор од една до десет години.
(4) Обидот од делото од став 1 на овој член за пренесување на
неизлечлива заразна болест е казнив.
(5) Тој што ќе ја загрози сигураноста на друг со лажна закана за
пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на
неилечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест
месеци.
(6) Тој што делото од ставовите 1 и 2 ќе го стори од небрежност, ќе се
казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(7) Ако делото од овој член го стори правно лице, ќе се казни со парична
казна.

SHARE