Фуркан ги пофали Албанците, ги обвини Македонците и исчезна

Популарниот новинар на ТВ Клан Фуркан Салиу кој стана познат по провокативните прашања за македонските политичари замолкна откако на својот пост на Твитер доби низа коментари кои се спротивни на неговиот пост.

Салиу вчера откако заврши броењето на гласовите ги пофали Албанците а оштро ги нападна Македонците кои според него се националисти, за омраза и за поделби.

“Национализмот, омразата и поделбите добија уште еден силен удар од Албанците.
За жал истото не може да се каже за Македонското гласачко тело”, напиша Салиу на Твитер.

Откако доби низа коментари со аргументи кои се спротивни на неговите обвинувања Салиу не одговари на нив ниту пак елаборира зошто според него Македонците се националисти и за поделби.

Меѓу коментарите на твитот има и прашање за мапата на Голема Албанија која ја истакна поглаварот на ИВЗ, но Салиу не одговара на ниту еден коментар до него.

Сите коментари во твитот