Откако еден куп грчки твитерџии му скокнаа на врат за изразената зачуденост од гневот и хиперсензитивноста на Грците во врска со Преспански договор, „а Македонија е таа што беше присилена да ги отстапи својот идентитет и историја“, како што вели тој, ирскиот филмаџија Ед Гадсел со неколку твита им одговори на обвинувањата.

„Ирците преживеаја гомненици од своите соседи, Македонците исто така. Британците се обидоа со нас да направат како Грците со забраната на малцинствата да зборуваат на мајчин јазик и видете ги. Никогаш Северна, ни Македонија, ни Ирска! Внимавајте Грци, наскоро нема да имате пријатели освен Германија. Видете колку добро ќе биде тоа за вас“, порача филмски работник, фотограф, камерман и режисер.

„Македонија не сака ништо од своите соседи. Постојат одредени маргинални групи што зборуваат за обединување на Македонија, но никој не ги зема сериозно освен грчките политичари, кои го користат тоа за да ве завртат против Македонија наместо кон вашиот вистински непријател. Кон тие што ја банкротираа вашата земја“, поентира Гадсел, кој на Твитер се претставува како „Ирец во Скопје“.

SHARE