Гаисер најавува нови снимки: Кои се Зеки, Фики и Доки?

Порталот прессингтв.мк најавува нови бомби во скандал поврзан со медицински бизнис во кои главни ликови се извесни политичари кои expres.mk ги именува како: Зеки, Фики и Доки.

Ларис Гаисер, новинарот од Словенија кој на италијанскиот медиум „Ла верита“ објави снимки за аферата „Рекет“ за Пресинг ТВ најавува „завршен удар“.

Што значи попрецизно тоа, Гаисер не му открил на новинар на порталот.

„Преслушував многу важен материјал за аферата „Рекет“, има многу интересни докази, јас сум сигурен во нивната автентичност. Тие ќе предизвикаат големи реакции. Но, дали наскоро ќе ги објавам, најпрвин морам да бидам сигурен дека моите извори се безбедни“, вели Гаисер за прессингтв.мк

Според неговата најава многу е веројатно наредната недела да се објават нови материјали кои би ја докажале поврзаноста на високи претставници на власта во аферата „Рекет“. Има индиции дека новите материјали би биле поврзани со случувања во здравствениот сектор, а нешто такво претходно објави и опозициската ВМРО-ДПМНЕ при што таа зборува за таканаречено „трио Заев-Филипче-Дончев“, пишува Христо Ивановски.

Целата информација во која се зборува и за друг европски медиум кој сакал да објави снимки на овој линк.

SHARE