Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер, во најавеното гостување на Радио Каподистријаизјави дека политичката кариера на македонскиот премиер Зоран Заев е завршена .
Тој смета дека Заев нема меѓународен кредибилитет и навестува промена на премиерот на Македонија.
Гајсер, оцени дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“.
Тој вели дека по објавувањето на аудио разговорите очекувал дека лицата чии гласови се слушаат ќе негираат дека се работи за нив и дека поради тоа од страв не спиел.