Ѓорѓи Галетановски, шеф на централниот штаб на претседателскиот кандидат од СДСМ Стево Пендаровски, одрекува дека на „Фејсбук“ ја навредувал Гордана Сиљановска Давкова

„Лично, со име и со презиме не сум ја навредувал никаде. Гафовите што госпоѓата ги изјавува речиси секојдневно, масовно се споделуваат на социјалните мрежи и тоа не е ништо страшно, но еве, доколку ја навредило тоа од мене, ѝ се извинувам. Сепак, таа се кандидира за претседател на државата и се очекува да биде поконцентрирана и подецидна во говорот““, вели Галетановски. кој се огради дека не е шеф на штабот, туку дека е оговорен за централниот штаб во Скопје.

Галетановски на„Фејсбук“ споделил видео од Сиљановска, а потоа искоментирал дека треба да се лечи во „Бардовци“.

„Со ваквите коментари се омаловажува Сиљановска и се дискредитира нејзината личност. Стево Пендаровски, пак, на телевизискиот дуел со Гордана Сиљановска-Давкова негираше дека кој било од неговиот тим ја навредувал Сиљановска, очигледно играјќи на краткото паметење и притоа ветувајќи дека доколку му се дадат докази за навреда кон Сиљановска од кој било од неговиот тим, тој веднаш ќе го избрка тој лик од тимот“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

SHARE

4 Коментари

  1. ЗА ЧУДЕЊЕ Е !!! КАДЕ ОВИЕ КОМУЊАРИ НА КОИ И КАКВИ ОГЛАСИ ГИ НАОЃААТ ВАКВИ КРЕМИНАЛЦИ ВАКВИ БАНДИТИ И УМНОБОЛНИ ГОМНАРИ

  2. НЕКА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ОБЈАСНИ ЗОШТО Е ОСЛОБОДЕН ОД СЛУЖЕЊЕ ВОЈНА ОБВРСКА!
    ПОД КОЈА ДИЈАГНОЗА!
    САКАТЕ НОВА БОМБА ЗА МЕНТАЛНАТА СОСТОЈБА НА СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ!
    ЗОШТО СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ Е ОСЛОБОДЕН ОД ВОЕН РОК?
    ВЕДНАШ БОМБА ИЛИ ДА ПОЧЕКАМЕ ВТОР КРУГ?

Comments are closed.