Ганка Цветанова со „добронамерен совет до сите кодоши“

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова реагира на објавата на Викиликс што фрла нова светлина на улогата на сегашниот шеф на дипломатијата Никола Димитров во спорот за името и во евроатлантските интеграции пред десет години.

„Добронамерен совет до сите кодоши… Кога-тогаш, вашите работодавачи секако ќе ве пуштат низ вода. Затоа, ако веќе служите некому, нека биде тоа вашиот народ и сопствената држава!“, напиша Цветанова на својот профил на Твитер како коментар на објавата на Викиликс дека „сегашниот министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, два пати беше наведен како ‘заштитен’ извор на Амбасада на САД во 2008 година по давањето информации за спорот за името меѓу Македонија и Грција и за интеграцијата во ЕУ и во НАТО“.

 

SHARE

3 Коментари

  1. Не си во право Ганка, со овие нови неоткриени таленти на Ниџо, тој на препорака од САД ке биде кандидиран за претседател на Северна Кодошија, пардон Република Северна Македонија, ХАХАХАХА!

  2. А кому ти и твоето ВМРО-ДПМНЕ му служите освен на злото и фашизмот, како што секогаш сте правеле низ историјата?

Comments are closed.