Ганка до Самуел: Креаторите на СЈО сакаат ново СЈО преку ЈО

Професорката Ганка Цветанова ја коментира старата изјавата на ЕУ амбасадорот Самуел Жбогар кој пред дебаклот со СЈО на Катица Јанева на кој тој беше патрон ја фалеше неуставната институција.

“СЈО значително придонесе за повторно воспоставување одговорност и борба против незаконитоста. Од најголема важност е да продолжи да бара одговорност на професионален и независен начин”, ја цитира Цветанова изјавата на Жбогар од 20 март 2019 година кога Јанева и соработниците биле длабоко заглавени во контроверзни дејствија.

” Креаторите на СЈО барат да се изгласа ново СЈО во форма на ЈО”, пишува Цветанова инспирирана од притисокот на странските амбасадори во Скопје кои повторно бараат да биде изгласан закон за ЈО без консензус.

SHARE