Гардијан одби да објави писмо – одговор на македонски и светски интелектуалци за договорот со Грција (ФОТО)

Еден од најстарите и највлијателни британски весници го прекрши правилото за објавување на ставови на најмалку две страни и одби да објави писмо потпишано од македонски и странски интелектуалци.

Писмото е одговор на дописот објавен во Гардијан на 20 јули, потпишано од 45 професори и интелектуалци во кои се лобира за прифаќање на Преспанскиот договор.

Во него противниците на договорот со Грција беа означени како националисти и расисти.

Британскиот весник познат по залагањето за заштита на човекови права и слобода на израз во случајот со Македонија немал еднаков однос и кон критичките гласови за договорот (75) и одбил да го објави писмото.

Текстот бил испратен до уште неколку западни медиуми, но никој не сакал да го објави.

Во писмото потпишано од врвни македонски и меѓународни интелектуалци меѓу другото се вели.

,,Договорот (од Преспа) го негира уставниот суверенитет на Македонија а финалниот збор е даден на пратеници на странска земја (Грција).

Новото име ќе се употребува не само во меѓународните односи туку и за внатрешниот правен поредок.

Атеибутот Македонски ќе биде избришан од сите официјални документи а неговата јавна употреба ќе биде под закана од орвелијански санкции.

За изучувањето на историјата нема да решаваат академските туку владини тела.

Англиската верзија на одбиеното писмо на Балканинсајдер.ком

Целата листа на потписници на писмото што Гардијан одбива да го објави.

Писмото што Гардијан го објави на 20 јули

Професори од САД и Европа: Противниците на Преспанскиот договор се националисти и расисти!