Гасоводот „Балкански поток“ е готов – ќе проработи ли!?

Изградбата на гасоводот „Балкански поток“ е де факто завршена, а бугарскиот дел од гасоводот е поврзан со гасоводот во Србија, но поради пандемијата не се превидени никакви церемонии…

Во октомври, бугарскиот премиер Бојко Борисов објави дека изградбата на гасоводот е речиси завршена, со што „со спроведувањето на проектот, Бугарија ќе стане регионален стратешки центар за дистрибуција на гас и ќе гарантира диверзификација на снабдувањето со гас“. Името „Балкански поток“ за гасоводот го предложи премиерот Борисов, а гасоводот треба да заврши до декември, пишува БГНЕС.

Балкански тек е всушност продолжение на гасоводот „Турски тек“ преку Бугарија. „Турски тек“, кој беше пуштен во употреба на 8 јануари 2020 година, се протега по дното на Црното Море од Русија до бреговите на Турција, а од таму еден крак оди преку Бугарија и Србија до Унгарија. Капацитетот на гасоводот од 930 км е 31,5 милијарди кубни метри гас годишно

Два дена по пуштањето во употреба на гасоводот, на 10 јануари 2020 година, Вашингтон испрати јасен сигнал дека се против продолжување на гасоводот преку бугарската територија до ЕУ. Соединетите Држави се против вториот крак на гасоводот за снабдување со гас на Југоисточна Европа преку Бугарија, бидејќи сметаат дека тоа е геостратешки проект на Русија, изјави тогашниот заменик државен секретар за политички прашања Дејвид Хејлво Стејт дпартментот.

Самата Русија постојано изјавуваше дека вториот дел од Турски тек се гради пред се за поддршка на рускиот сојузник на Балканот, Србија, пишува БГНЕС.

SHARE