Гасоводот „Турски поток“ под Црното Море стигна до Турција

The vessel 'Pioneering Spirit' of Swiss offshore service provider Allseas passes through the Bosphorus towards the Mediterranean from the Black Sea following the completion of Line 1 of Gazprom's TurkStream gas pipeline in the Black Sea, connecting Russia and Turkey, in Istanbul, on May 2, 2018. - Pioneering Spirit is said to be the world's largest construction vessel. (Photo by YASiN AKGUL / AFP)

Церемонијата по повод завршувањето на морскиот дел од гасоводот „Турски поток“ на која ќе присуствуваат претседателите на Турциј и Русија Тајип Реџеп Ердоган и Владимир Путин денеска ќе биде одржана во Истанбул.

По 910 километри гасовод поставен под Црното Море, „Турски поток“ излегува на турско тло од каде во два крака ќе испорачува гас за Турција и за земјите од Европа.

Руската компанија Гаспром планира да испорачува 31,5 милијарди кубни метри руски гас нис гасоводот, од кои 17.75 милијарди кубни метри за потребите на Турција.

Гасоводот кон Европа ќе оди или преку Бугарија и Србија или преку Грција и Италија и ќе биде оперативен до крајот на 2019 година.

Мехмет Огутку, шеф на енергетскиот клуб Босфор, изјави дека е голем успех завршувањето на морскиот дел од „Турски поток“ и покрај напорите на САД за блокирање на проектот.

„Овој проект ќе ги зацементира воените и трговските односи меѓу Турција и Русија, бидејќи создава заемна меѓузависност“, рече Огутку.

„Овој проект ќе игра клучна улога во енергетската безбедност на Турција и ќе го носи гасот директно во Турција и ќе ги намали ризиците од транзитниот гас”.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак, во неделата го пофали проектот за кој рече дека е „историски проект“ меѓу двете земји.

Проектот на гасоводот „Турски поток“ почна веднаш откако ЕУ го блокираше проектот „Јужен поток“ во декември 2014 година.

САД против гасоводот „Турски поток“

Лавров: Руски гас преку Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија

 

 

SHARE