Предраг Колувија, кој од неодамна влезе во бизнисот со одгледување марихуана за медицински потреби во Македонија, е уапсен во Србија, поради нелегално одгледување марихуана, јавува „360 степени“.

Според српските медиуми, полицијата упаднала во пластениците за одгледување органска храна на Предраг Колувија кај Стара Пазова уште на средината на месецов, по налог на тамошното обвинителство за гонење на организиран криминал.

При претресот на имотиот на фирмата „Јовањица“ на Колувија, истражните органи откриле поголема количина на марихуана. Околу 650 кг. биле подготвени за продажба и уште четири тона во сирова состојба, пренесува 360 степени.


SHARE