Џек Ма, кинекиот мултимилијардер и основач на платформата за интернет-трговија „Алибаба“, се залага за работно време од 9 до 21 часот, шест дена во неделата, практика која е честа појава кај големите кинески технолошки компании и нови компании.

„Ако правиме работи што го сакаме…не е проблем”, напиша Ма на својот блог објавен оваа недела. „Ако не ви се допаѓа (тоа што го работите), секоја минута е мачење.”

На коментарот на Ма имаше реакции:

„Дали некогаш сте размислувале за постарите на кои им треба нега или за воспитувањето на децата?” напиша корисник на социјална мрежа кој вели дека но ако се прифати таква практика, никој веќе нема да има деца поради недостиг на слободно време.

SHARE

Оставете Коментар