Газдата на идната 9-катница кај „Мајчин Дом“ ќе тужи…

Фатмир Етеми, инвеститор на изградбата на 9-катница кај Мајчин дом, вели дека има  правосилна дозвола, согласно законските процедури, и најавува тужба против Општина Аеродорм.

„Доколку работава продолжи вака сигурно ќе ја тужиме општината и ќе бараме отштета на Суд, а тој надомест ќе биде доста висок. Ова ми личи на она кога минатата Влада кога го урна објектот на Фијат Цановски, а сега оваа Влада пак, не ги остава бизнисмените да работат…. парадокс“, изјави Фатмир Етеми, како што пренесува  21ТВ.

По изјавата на градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, дека е на страна на граѓаните во нивната борба за заштита на јавниот простор и дека ќе барал заедничко решение преку дијалог Етеми дециден дека фирма „ZSF-KOM“, нема намера да се откаже од проектот.