Газдите против минималец повисок од 14.000 денари

Минималец од 14.000 денари е црвена линија која не смее да се надмине. Но, прво треба да заживее мерката субвенционирање на придонесите што го вети Владата, па потоа да се зголеми минималната плата.

 Ова е ставот на Организацијата на работодавачи, кои велат дека и со оваа сума, дел  од фирмите ќе имаат проблем, но е далеку поприфатлива отколку ветувањето на премиерот за 15-16.000 денари минималец до 2020 година. Признаваат дека имале притисоци од владата  за покачување на платите,но без субвенционирање на придонесите, зголемувањето не е можно, дознава Сител.

Ветувањето на владата е постепено зголемување на минималата плата до крајот на мандатот,односно до наредната година на 16,000 денари. Инаку, во моментов најнисика минимална плата од 210 евра има кај нас и во Албанија.

SHARE