Гејтс: Богатиот свет ќе се справи со Ковид-19 до крајот на 2021 година, остатокот до 2022 година

Соосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, очекува пандемијата на коронавирус за „богатиот свет“ да биде завршена до крајот на 2021 година, а на остатокот од планетата ќе му треба уште една година.

„Иновациите во дијагностиката, во терапиите и во вакцините се импресивни. Поради тоа сметам дека во богатиот свет можеме да ѝ ставиме крај на пандемијата до крајот на 2021 година, а остатокот на светот до крајот на 2022 година“, го цитира Гејтс американскиот сајт ЦНЕТ.

Гејтс ги финансира медицинските истражувања и програмите за вакцина преку фондацијата со својата сопруга Мелинда.

Тој е свесен дека пандемијата сите земји во светот ги вратила неколку години назад во однос на економскиот раст, борбата против ХИВ, маларијата.

Еден од најбогатите луѓе во светот го критикуваше американскито систем за тестирање на коронавирусот, како и начинот на кој претседателот Доналд Трамп и неговата администрација се носат со ситуацијата. Според него, недоволно се тестира и се следат контактите, а забележува и за неносењето маски.

SHARE