Гелева протестира против верска дискриминација со избори сред велигденски пост

Новинарката и геополитичка аналитичарка Емилија Гелева протестира против дискриминација на верска основа со закажувањето на предвремените парламентарни избори на 12 април, Цветници, сред строгиот пост пред православниот Велигден.

Чувството на дискриминираност таа го темели на укажувањето дека досега секогаш се внимавало дури и локалните избори да не се закажуваат за време на рамазанскиот пост на верниците од муслиманска вероисповед.

„Затоа, БАРАМ изборите да се одржат на почетокот на март, пред почетокот на православниот христијански велигденски пост. Православни христијани, ве повикувам да го изразите својот револт од непочитување на нашата вера и нашите верски права во оваа држава!“, напиша Гелева на Фејсбук.

Токму на денот на изборите во Македонија в година Велигден ќе слават католичките верници.

SHARE