Генералот до Албанка на Твитер: Ти си обично пи.е, сепак те сакам

Има една Албанка сенката ми ја скина со твитови против мене. Ако некој го знае нејзиниот вистински идентитет нека и пренесе дека јас сум голем космополит, ги сакам сите луѓе вклучувајки ја и неа, никого не мразам и не сум воопшто насилен освен кога во прашање се… ќерамидите, пишува на Твитер генералот Стојанче Ангелов.

Откако посочениот профил му одговари, генералот кој пред неколку дена беше набркан од братучед на Хазби Лика од кафуле во Тетово испрати уште една чудна јавна порака.

“Не знам дали си машко или женско но ти си едно обично пи.е кое се крие зад лажен идентитет и изнесува лажни факти. Но јас сепак те сакам. :)”, напиша генералот Ангелов во непристојниот твит.

Генералот кој е советник на премиерот за бранителите, беше вработен во МВР по што Владата го вработи во Македонска навигација.

SHARE

2 Коментари

Comments are closed.