Генијално: Еко-партија на власт ја критикува Владата за аерозагадувањето

Наместо веднаш да ја напушти власта поради сопствената вина и поради катастрофалната состојба со загадувањето особено во делот на аерозагадувањето единствената еколошка македонска партија ја криви владата во која самата седи за ситуацијата.

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) која до неодамна ја водеше Лиле Поповска а сега Маја Морачанин и која има двајца пратеници во владеачката коалиција со невидена доза на лицемерие ги прашува општините и владата во која и самата членува и чии закони гласа дали ќе преземе нешто против аерозагадувањето.

„ДОМ ги прашува надлежните институции на државно и локално ниво, кои наместо прогласување аларм за повеќенеделното аерозагадување, чекаат ветре да го расчисти небото: колку Лондонски смогови голтнавме зимово и уште колку ќе голтаме? Зарем е малку да има со недели ПМ10 од 100 до 400 микрограми на метар кубен во десетина македонски градови? Зарем е битно дали има прекини од 2-3 дена помеѓу екстремите? Ова е вонредна состојба со аерозагадувањето и тоа треба да се каже и да се преземат конкретни мерки за негово намалување“, пишува ДОМ на социјалните мрежи.

Партијата ДОМ од 2006 до 2014 беше дел од владата на ВМРО-ДПМНЕ а од мај 2017 е дел од владата на СДСМ.

Ниту во времето на Груевски ниту сега во владата на Заев оваа партија не се побуни уште помалку се закани со науштање на власта во знак на протест за еколошката катастрофа со која се соочуваат граѓаните.

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар