“Генсекот” на СДСМ се обиде да се “извади” и дополнително се заплетка

Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски се обиде да објасни дека не се однесувал дволично откако се откри дека бил во Берово додека од граѓаните бараше да останат дома поради Ковид19.

Иако самиот на Фејсбук објави дека бил во Берово тој сега тврди дека не прекршил никаква мерка за карантин затоа што бил во родната Крива Паланка, туку дека само на кратко отишол во Берово.

За да процените сами дали лаже или е во право имајте на ум дека Крива Паланка од Берово е оддалечена речиси 150 километри кои во идеални услови се минуваат за најмалку 2 часа и 30 минути како што пресметале и други граѓани.

Практично Николовски сака да ни каже дека возел или го возеле најмалку два и пол часа до Берово каде што дишел чист воздух, се сликал по што се вратил пред 16 часот.

Притоа Николовски е облечен спортски што претпоставува дека во Берово немал службени активности туку дека заминал на рекреација.

Во своето соопштение генсекот на СДСМ не објаснува во колку часот тргнал и кога се вратил во Крива Паланка.

Целото објаснување на Николовски:

Благодарен сум и среќен што на истокот каде што е мојата изборна единица, мерките се помалку рестриктивни и нема целосна забрана на движењето, па имав шанса на кратко да отидам на чист воздух до Берово, во најубавата природа од овој дел од земјата.

Ви го пишувам ова од мојот роден град, Крива Паланка. Не сум прекршил никаков карантин, ниту некогаш ќе го игнорирам поставениот ред.

Има други неодговорни политичари и поединци кои го прават тоа, и со лажни вести истото нема да им се покрие.

Верувам дека ова е последниот ваков викенд и дека сите сфативме дека до победа над вирусот се доаѓа само со дисциплинирано држење до мерките и со силна ангажираност и одговорност од секој од нас. Нема друг начин.

Да го оставиме сето ова зад нас што побрзо. Знам дека можеме 💪

SHARE