Генсекот на СДСМ во небрано, ДКСК најде проблем при вработување на сестрата, бабата и дедото

Државната комисија за спречување на корупцијата заклучила дека било вршено влијание при вработувањата на сестрата, бабата и дедото на генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски.

И покрај јасниот заклучок Генсекот на владеачката партија Кирацовски вели дека се работи за некоја грешка и дека не чувствува никаква одговорност.

„Немало никакво влијание, не знам кој дал таква информација, но погрешна е“, кусо одговори Кирацовски за ИРЛ.

Членовите на ДКСК вчера утврдија дека во 6 од 18 случаи во кои беа вработени блиски роднини на пратеници или функционери на власта, критериумите во огласите биле местени за да одговараат токму за кандидатот кој требало да биде вработен.

Според овие заклучоци, влијание било извршено при вработувањата на сестрата, бабата и дедото на Кирацовски.

Непосредно пред да се објави огласот на кој била вработена Мирјана Јосифовска, сестра на Александар Кирацоски во Централен регистар, оваа институција направила систематизација на работните места и го зголемила бројот на советници за дистрибуција на информатички податоци од два на три, а како услов за вработување било наведено дека се бараат лица со завршен факултет по географија, пренесува Мкд.мк

Повеќе на мкд.мк

SHARE

1 Коментар

Оставете Коментар