Дали „генсекот“ на Владата ги почитува антикорона мерките (ФОТО)

Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски не ги почитува мерките на Владата за борба против Корона вирусот, покажува слика на која јасно се гледа дека не носи маска.

Според фотографијата објавена на социјалните мрежи за која не се знае точно кога е фотографирана но секако е во тек на кризата, Рашковски во продавница каде што продавачките носат маски не користи заштитна маска со што и себе си но и останатите во дуќанот ги става во опасност.

Попладнево министерот за Информатичко општество и администрација ги искара дека граѓаните дека не ги спроведуваат мерките но не спомена дали ќе има санкции за највисоките државни функционери кои не ги спроведуваат мерките на јавни места.

SHARE