„Македонците повторно изгледа ќе си ги лижат раните, чекајќи ја новата (француска) методологија за преговарање, или, во превод од француски на македонски: не не’ интересирате,јавете се за една година. Добро. Цело време се правиме мутави и глупави, лижеме таму кадешто сме плукнале, се смееме недоветно и се нудиме себеси како некои пиљари во 16:30 часот кога затвара пазарот а не сме ја продале робата која веќе утре ќе се расипе.

И ја спуштаме ли ја спуштаме цената“, пишува универзитетскиот професор и поранешен пратеник на СДСМ во денешната колумна за „Дојче веле“.

 „Се плашиме од себеси и се закануваме на Европјаните со најглупавото можно оружје: примете не’ за да не се распаднеме. Или уште поглупавото: примете не’ за да не падне владата. 

Малку т.е. малку повеќе ни здосади некритичниот оптимизам на Владата на чело со премиерот. Криво ќе ми биде за потрошениот бензин до Луксембурги арчење пари на кафиња и води по скапите луксембуршки брасерии. Барем сите тројца (Османи, Заев и Димитров) со една кола да отидеа.

Освен, ако планот не бил некој трајно да скршне накај Холандија“.

Колумната на Гордан Георгиев на следниот ЛИНК

SHARE