Георгиев: Зад спорот за Гоце Делчев стои политика

„Доколку денеска направиме една анкета меѓу Македонците ќе видиме дека името на Гоце Делчев , неговото име, лик, портрет се најпрепознатливи од сите. Самото ова е објаснување зошто Делчев е предмет на жолчната расправа во овој имагинарен историографски спор, не би рекол спор меѓу народите , туку токму историографски -зад кој има веројатно и политички причини, објаснува професорот Ванчо Георгиев, член на мешовитата историска комисија со Бугарија, за Алфа.

Но, Делчев не може да биде ништо друго освен она за што се залагал: за автономна Македонија, вели Георгиев.

„Во секој случај Делчев го заслужува оправдано тоа место затоа што тој е најголемиот фронтмен на македонската револуционерна борба за автономија на Македонија, во рамките на османлиската држава, при тоа, сфаќајќи ја автономијата како етапа за создавање на независна македонска држава“.

SHARE