Георгиевски: Ултиматумот од Софија го суспендира добрососедството

И за поранешниот премиер Љубчо Георгиевски (1998-2002) декларацијата на бугарската влада и потврдена од бугарското Народно собрание е непријатно изненадување.

Според Георгиевски, таквиот ултиматум значи укинување на Договорот за добрососедство.

„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.

SHARE