Во Германија, од вчера стапи во сила закон кој им овозможува на луѓето кои биолошки не се вклопуваат ни во машкиот ни во женскиот пол да одберат – трета опција.

Владата го усвои законот во август, а минатиот месец тоа беше потврдено од страна на Бундесратот.

Членовите на ЛГБТ популацијата велат дека оваа мерка не е доволна затоа што е потребен лекарски сертификат за да се докаже дека лицето е интерсексуално.

Тие бараат закон кој ќе им овозможи полесен живот на луѓето кои не се идентификуваат со сексот со кој се родени.

Интерсексуалните луѓе се раѓаат со машки и со женски сексуални карактеристики пишува  британски „Индепендент“.

Според Обединетите нации, 1,7 проценти од светската популација се родени со интерсексуални карактеристики.