Германија донираше возила и опрема вредни 660.000 евра

Германската амбасадорка Анке Холштајн и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваа на свеченото примопредавање на опрема – донација од Сојузното министерство за внатрешни работи на Сојузна Република Германија за нашето МВР.

Донацијата, вредна околу 660.000 евра, опфаќа 22 возила, од кои 10 од марката „дачиа дастер“ и 12 од марката „форд фокус“, со вредност од 370.000 евра кои ќе бидат предадени за користење на Бирото за јавна безбедност за потребите на Граничната полиција и техничка опрема во вредност од 290.000 евра, која се состои од: опрема за присилно запирање на возила – модел „Стингер“, oпрема за напредна проверка на документи – модел „Регула“, термални камери со долг домет, батериски лампи, светлечки стоп палки, чизми и флуоросцентни елечиња.

SHARE