Германија ги отфрли грчките барања за репарации

Germany Capital Bundestag Berlin Reichstag

„Ставот на германската влада за ова прашање е непроменет: прашањето за германските репарации е и правно и политички дефинитивно решено“, изјави денес портпаролот на германската влада.откако грчкиот парламент вчера одобри од Германија да се бара отштета за германската окупација за време на Втората светска војна.

„Свесни сме за вината и големата неправда која Германија и Германците ги извршија за време на националсоцијализмот во Грција. И затоа се трудиме да имаме добри односи со Грција, членка на ЕУ и еврозоната да имаме добри односи и да останеме пријатели и партнери“, изјави портпаролот на германската влада, Штефен Зајберт..

Грчкиот парламент во средата одлучи да отпочне дипломатска офанзива со цел Германија да им исплати воена оштета. Уште во 2016 година грчка парламентарна комисија пресмета надомест во висина од 300 милијарди евра.

Извор: МКД

SHARE

2 Коментари

  1. А Грција ќе плати ли оштета на Македонците што им ги одзеде имотите и ги избрка?

Comments are closed.