Германија ги отвори вратите за печалбарите

Стапи на сила новиот германски закон за доселување на квалификуван кадар, со кој се очекува решавање на дефицитот на германскиот пазар на труд.

Еден од регионите што традиционално се насочени од германските работодавци е Западен Балкан – работниците од регионот уживаат добар углед во Германија:
„Во минатото добивме многу барања од Западен Балкан, кој е еден од регионите што е многу важен за нас, затоа што таму наоѓаме многу добра, квалификувана професионална работна сила, а од друга страна, има многу луѓе кои знаат германски, а тоа е од огромна помош во деловната интеграција“, изјави неодамна Торстен Ролфсмаер од Федералното биро за вработување.

Пред новиот закон, само дипломираните студенти од земјите надвор од ЕУ можеа да дојдат во Германија да бараат работа, а претходно да немаа понуда за вработување.

Од сега квалификуваните луѓе ќе бидат примени под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.


SHARE