Германија: И психички болни имаат право на глас

Правилото според кое повеќе од 80.000 германски државјани со ментални пречки или посебни потреби не можат да учествуваат во гласањето е неуставно, објави германскиот Уставен суд во Карлсруе.

„Правилата за учество на демократски избори кои налагаат изземање за лицата на кои судски им е доделено старателство или по судски пат им е констатирана намалена пресметливост се неуставни“, заклучи судот.

Во Германија тоа се однесува на 82.220 лица, пишува „Ал Џезира“.

Уставниот суд оцени дека забраната за учество во изборите не треба да се наметнува произволно, туку  мора да се испита од случај до случај.