Германија размислува за воведување на посебен оддел во рамките на Министерството за здравство, кој ќе се грижи за проблемите на осамените граѓани и со штетата што оваа појава ја нанесува во општеството..

Една неодамнешна студија покажува дека осаменоста често предизвикува ментални заболувања, како што се депресија, анксиозност и болести на  кардио-васкуларнииот систем“, изјави социјалистот Карл Лаутербах за дневниот весник „Велт ам Сонтаг“.

Тој се залага, по примерот на Обединетото Кралство, во Министерството за здравство да се формира посебна комисија за да се справи со осаменоста и штетата што оваа појава ја нанесува во општеството.

Идејата беше поддржана и од официјалниот претставник на владејачките  ЦДУ / ЦСУ Маркус Вајнберг.

„Велт ам зонтаг“ пишува дека населението на индустријализираните земји се зголемува до тој степен што експертите се зборува за „епидемија на осаменост“.

SHARE