Германија: Пензионери собираат шишиња за да преживеат!

За само седум години, бројот на пензионери во Германија кои се изложени на ризик од сиромаштија е зголемен за третина.

Имено, околу 3,2 милиони стари лица во Германија се под границата на сиромаштија, што е за 215.000 повеќе од минатата година, а дури 803.000 повеќе од 2010 година.

Според германската статистика, сите што живеат во домаќинството кои имаат помалку од 60 проценти од просечната плата се изложени на ризик од сиромаштија, иако земени се предвид и некои други фактори. Но, во суштина, луѓето кои заработуваат помалку од 905 евра месечно, се сметаат за сиромашни во Германија.

Таа е исклучително ниска сума за Германија, бидејќи повеќе од половина од нацијата не поседува сопствен недвижен имот, туку живее во изнајмен стан или куќа, а со тоа голем дел од нивните приходи одат за изнајмување и комунални услуги.

Поради таа причина, не е невообичаено да се види на улиците на германските градови пензионери како собираат стаклени и пластични шишиња, за кои можат да добијат од 15 до 25 евро центи за кауција. (Pressing.TV)

SHARE