Германка на чело на Европската комисија

Досегашната министерка за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лејен, е избрана за претседател на Комисијата на ЕУ по синоќешното тајно гласање.

Таа на 1 ноември ќе ја преземе челната функција во Европската комисија од досегашниот претседател  Жан-Клод Јункер.

Фон дер Лејен доби тесна поддршка од членовите на Европскиот парламент : за неа гласаа 383 од вкупно 751 пратеници во новиот Европски парламент избран во мај.