Германска помош за решавање на спорот

Еден ден по изразениот оптимизам на Никос Коѕијас околу можно решение за името на „Македонија“, како и притисокот од земјите во Европа за решавање на ова прашање, грчкиот шеф на дипломатијата ќе разговара за сите најнови случувања во врска со преговорите со неговиот германски колега, Хеико Маас, пишува „То Вима“.

Билатералните односи, актуелните прашања на европската и меѓународната политика, како и прашањето за името на Македонија се наоѓаат на дневен ред на состанокот на министерот за надворешни работи на на Грција, Никос Коѕијас со неговиот колега во Берлин.

Германската влада во понеделникот ја охрабрила Грција и „поранешната југословенска Република Македонија“ да ги решат сите преостанати прашања што стојат на патот на договорот за решавање на деценискиот спор во врска со името .

Портпаролката на германското Министерство за надворешни работи, Марија Адебахр, пред средбата на грчкиот министер за надворешни рабори Никос Коѕијас со неговиот германски колега, Хеико Маас, ги повика Атина и Скопје да ја искористат “историската можност” и да постигнат договор кој ќе има „позитивен ефект врз билатералните односи, како и врз регионалната стабилност“, објави „Катимерини“.