Политичарите од германската Христијанско-демократска унија (ХДС) и од Зелените, го повикаа поранешниот канцелар Герхард Шредер да се повлече од функцијата претседател на бордот на директори на проектот „Северен поток 2“, како и од сите други функции во Русија.

Критичарите го обвинија Шредер за лобирање за Кремљ од таа позиција.

Парламентарната лидерка на Партијата на зелените, Кетрин Геринг-Екард, која веќе повика на стопирање на градежните работи на „Северен поток 2“, го повика Шредер да се откаже од работата во „Газпром“.

„Поранешниот канцелар, Шредер, сега мора да одлучи дали е на страната на демократијата и човековите права“, рече Геринг-Екард за медиумската групација „Фанке“.

SHARE